214
Сите ја паметиме Џесика Симпсон како занесна русокоса која никогаш никого не оставила рамнодушен.
Таа по третото породување качи вишок килограми, а според неа во еден момент имала 117 килограми. За да си го врати статусот на убава жена, почнала со разни диети и корекции.
Сепак, многумина веруваат дека отишла до крајност, односно дека изгубила премногу килограми. Симпсон вели дека успеала да изгуби 45 килограми.
View this post on Instagram
Освен тоа, евидентни се промените на нејзиното лице. Имено, пејачката ја зголеми устата, ги корегираше јаболчниците и го затегна лицето.
Нејзината транзиција кон поздрав начин на живот следеше во 2017 година кога го реши проблемот со зависноста од алкохол и таблети.