Бракот на Меланија и Доналд Трамп, кој трае од 2005 година, отсекогаш се сметал за контроверзен.
Новите детали ќе го доловат нивниот однос во полн сјај. Според ново тајно видео, поранешниот претседател на Америка имал повеќе од бизарно и неприфатливо барање до својата сопруга.
Новите детали станаа познати благодарение на емисијата „NYT/’60 Minutes Australia“, во која се наведуваат разговорите кои австралискиот милијардер Ентони Прат ги водел со Доналд Трамп додека тој бил на чело на САД.
Тие нови детали откриваат дека Трамп еднаш побарал од Меланија Трамп „да биде во бикини и да забавува некои момци кои биле негови гости“, пишува TMZ, а според овој портал, таа го прифатила тоа.
Снимката открива и дека Прат рекол дека Трамп многу лежерно ги откривал државните тајни. „Тајмс“ пишува дека државниот обвинител Џек Смит разговарал со Прат за поранешниот американски претседател.