Неприфатливо е бугарските граѓани да бидат нападнати, вели бугарски пратеник од партијата на Петков за инцидентите во Скопје

од Nikola Popovski

Апсолутно е неприфатливо било каде бугарските граѓани да бидат нападнати. Насилството врз нив е апсолутно неприфатливо, изјавил бугарскиот пратеник и поранешен министер за иновации, Даниел Лорер од коалицијата Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија, во врска со нападот на бугарските државјани во Скопје пред фудбалскиот натпревар меѓу Шкупи и Левски.

Мислам дека МНР веќе е во контакт со македонските власти. Спортот е еден од начините за градење мостови со нашите најблиски соседи, затоа не треба да го злоупотребуваме и да го претвориме во арена на политичка конфронтација, смета Лаурер.

 

Според него, попрво треба да направиме мост меѓу нашите две народи да се движат заедно и да им помогнеме кон нивната европска иднина.

Дај Боже, летово да се најде начин конечно да ги вклучат македонските Бугари во Уставот на Република Северна Македонија каде што припаѓаат, за македонското општество да почне да сфаќа дека тие се еднакви и нема место за никаква дискриминација, камоли за насилство врз нив, а камоли за фудбалски натпревар кој треба да биде празник, посочил Лорер.

Според него, одамна се знаело дека во Скопје ќе има фудбалска пресметка и било предвидливо македонските власти да преземат мерки за да не се случат такви работи.

Бугарското МНР е известено за ранет бугарски државјанин при инцидент во Скопје, соопштиле синоќа од Министерството во Софија.

Слични содржини