Нерационалниот “инает” што го изнервирал Ван Хojте, е што власта не сака “отчетност” со силен  спецобвинител

од desk3
150 прегледи

Целиот политички нерационален “инает”, што го изнервирал олеснувачот Питер Ван Хojте и го натера да излезе на прес-конференција и да каже дека една голема партија не стои на зборот, е дека ВМРО-ДПМНЕ одбива било каков предлог за се формира тим од најмлаку 10 помошници-обвинители на спецобвинителот. Ова за локално.мк го брифираат дипломатски извори.

Van-hojte

Според нив “отчетноста” што вчера Ван Хojте ја спомена на прес-конференцијата доаѓа оттаму што најголемата владејачка партија не сакала да допушти силен и независен спецобвинител, иако тоа Груевски јавно го вети на одбележувањето на Демот на независниста.

Како што бирифираат дипломатите денеска врз власта се врши силен дипломатски притисок и тоа од високи претставници на меѓународната заедница.
Вчера несвојствено за македонската политичка дебата, а соесема нормално за западниот свет, олеснувачот Питер Ван Хojте јавно изјави дека една од најголемите политички партии не се придржува до она што е договорено и не почитува никакви крајни рокови, што е неприфатливо во водењето на преговорите и постигнување на конечен договор.

Ван Хојте пред новинарите соопшти дека, пред вчерашната рунда преговори се соочуваат со голем проблем кој е поврзан со две работи.

Тој покажа лист хартија на кој, на англиски и на македонски беше испишан „зборот е збор“.

– Генерално кога влегуваш во преговори велиш и се држиш до тоа дека, зборот е збор. Ако постигнеш договор околу нешто со даден рок, се придржуваш до предвидениот рок. Во моментов една од најголемите политички партии не го почитува рокот и не го почитува договорот – изјави Хојте.
Покажувајќи друг лист на хартија, на кој беше испишано „отчетност“ на англиски и на македонски, посочи дека вториот дел од проблемот е уште поголем, а се однесува на отчетноста.

– Ние во Европа имаме систем на вредности и мислам дека земјите кои се кандидати за членки во Унијата, би требало да го почитуваат тој систем на вредности, од кој најважен е отчетноста. Што значи дека секој јавен службеник, функционер има должност на одговорен начин да соопшти што правел, за да можат граѓаните да донесат одлука дали тоа ќе го прифатат или ќе го отфрлат. Ако има некакви сомневања за можна злоупотреба на моќта и проневера на јавни средства, тоа треба да биде истражено и процесуирано независно за тоа за кого станува збор и тоа е едно од вредностите што очекуваме да се почитуваат и за кој се надеваме дека еден ден ќе бидат дел и од вашето општество – рече Ван Хојте.