Двајца полицајци се повредени за време на немирите што избувнаа за време на и по демонстрациите на движењето “Пегида” и “Келн против десните”, пренесе РИА Новости, повикувајќи се на локалниот весник Kölner Stadt-Anzeiger.Според информациите на весникот меѓу напаѓачите биле околу 600 десничарски екстремисти, кои пристигнале во саботата во Келн со воз. Околу 450 од нив, придружени од полицијата, се качени на воз за Дортмунд. Ситуацијата на централната станица во Келн веќе е под контрола, таму патролираат околу 300 полицајци.
Полицијата во Келн соопшти дека бројот на случаите со насилство во новогодишната ноќ веќе се зголеми до 379, а исто така дека мнозинството од осомничените се пријавиле за лица со бегалски статус и бегалци, пренесува AFP.
(ВИДЕО) Дојде ли времето за пресметка: Антисламска улична борба на десничарите од “Пегида” со 1700 полицајци во Келн
“Оние кои се во фокусот на криминалните истраги на полицијата се главно луѓе од земјите во Северна Африка. Мнозинството од нив нелегално престојуваат во Германија и се баратели на азил “, се вели во соопштението на полицијата. Во него се додава уште дека околу 40% од случаите се поврзани со сексуална злоупотреба.
