НЕСЕКОЈДНЕВНА ПОНУДА: Претседател нуди на секој граѓанин криптовалути во вредност од 30 долари

од Vladimir Zorba

Претседателот на Ел Салвадор, Наџиб Букеле, најави дека ќе понуди криптовалути во вредност од 30 американски долари на секој граѓанин што ќе се пријави да користи дигитален паричник, пишува Блумберг.

Владата ќе создаде сопствен паричник за биткоин, наречен „чиво“, што на сленг значи „кул“.

Парите ќе бидат депонирани на сметката на секој граѓанин кој ќе преземе „чиво“ и ќе се регистрира како корисник со неговиот телефонски број и бројот на лична карта, пренесе SeeBiz.

Законот што биткоинот ќе го направи правно средство за плаќање ќе стапи на сила на 7 септември.

Букеле верува дека овој потег ќе го претвори Салвадор во атрактивна дестинација за инвеститорите, дека ќе ја поттикне потрошувачката и дека ќе ги намали трошоците за милиони граѓани на таа земја кои работат во странство и испраќаат пари дома.

Парламентот на таа централноамериканска држава усвои закон на почетокот на јуни, со кој биткоинот стана законско платежно средство.

Ова значи дека, меѓу другото, цените во таа земја сега можат да бидат изразени во биткоини и даноците и придонесите да се плаќаат во таа дигитална валута.

Слични содржини