Неш Бриџис се враќа

од Vladimir Zorba

Познатиот американски актер Дон Џонсон го освои светот во 1996 година со улогата на Неш Бриџис во серијата „Пороците на Мајами“, а сега на 71-годишна возраст се враќа во улогата на полицаецот кој го прослави.

Џонсон го потврди своето враќање во серијата по 20 години пауза во интервју за „Њујорк Тајмс“.

„Го сакам неговиот лик. Еден момент е расположен и се шегува, а во следниот е сериозен. И се прашував дали можам повторно да го пренесам тој дух“, објасни актерот и додаде дека Неш Бриџис е неговиот омилен лик во кариерата.

Како што рече, би сакал да види и каде завршил по 20 години полицискиот инспектор и магионичар аматер кој патролираше со жолтиот автомобил низ Сан Франциско.

„Замислувам дека тој сè уште е во форма и може да ја работи својата работа. Исто така, мислам дека е многу помудар и повнимателен, но сепак умее да влева страв кај криминалците. Сепак, мислам дека два пати би размислил пред да направи било каков потег“, изјави Џонсон.

По оригиналните шест, многу успешни сезони, Неш Бриџис овојпат доаѓа на големите екрани, со оглед на тоа што Џонсон ќе го снима филмот „Nash Bridges: The Movie“, чија премиера ќе биде вечерва во САД.

За сценариото беше задолжен Дејмон Линделоф, кој истакнува дека не можеле да замислат никој друг во улогата на Неш Бриџис, освен Џонсон.

„Серијата имаше добри критики и оценки во текот на сите шест сезони, пред да го завршиме снимањето во 2001 година, како резултат на несогласувањето помеѓу каналот CBS и компанијата Paramount, која ја продуцираше серијата. Сето тоа остави горчлив вкус и кај нас и кај публиката. Филмот треба да го поправи тоа“, рече сценаристот.

„Џонсон има цврст и заштитнички однос кон својот лик, па ниту тој ниту ние не можевме да замислиме некој друг да го толкува Неш Бриџис“, додаде тој.

Доколку филмот го разбуди интересот на публиката, тимот би можел да одлучи за новите сезони од серијата.

„Веројатно секогаш беше во нашата потсвест. Ако сè оди добро и бројките се добри, би било многу забавно да се снимаат повеќе авантури“, навести Џонсон.

Слични содржини