Нешкоски поднесоа кривични пријави против Урко, Јанкулоска, Груевски и Мијалков

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Семејството на Мартин Нешкоски, односно неговата мајка и неговиот чичко денеска во Јавното обвинителство поднесоа кривична пријави против екс-министерката Гордана Јанкулоска, Дејан Митревски – Урко, премиерот Никола Груевски и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

ojo
Како што се вели во пријавата која ја поднесе семејството, против Урко пријавата е за давање на усна наредба спротивно на членот 154 од Законот за внатрешни наредби, кога го распоредил полицаецот Игор Спасов за обезбедување на простор за прослава на ВМРО ДПМНЕ зa победата на парламентарните избори, кој го уби Мартин Нешкоски на 06.06.2011 година.

Против Јанкулоска, во пријавата е наведено дека таа не изготвила писмена наредба согласно членот 154, а заедно со Груевски и Мијалков свесно и намерно ја прикривале истрагата со цел да спречат штета во МВР и врз себе.

Чичкото на Нешкоски го најави утрешниот протест под паролата „Убиство кое не смее да остане во тајност“.