Гласањето за извештајот на Томас Вајц за напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија беше усвоено во Европскиот парламент. Зборовите поврзани со македонскиот идентитет, јазик и нација беа отстранети. Според бугарскиот новинар и аналитичар со контроверзни ставови, Љубчо Нешков, вистинскиот проблем останува.
„Извештајот е загрижувачки бидејќи јасно укажува на тоа како Република Северна Македонија е сè потесно поврзана со „српскиот свет“ управуван од режимот во Белград“, изјавил Нешков за „Радио Варна“.
Според него, најзагрижувачко е нивото на таканаречена „стратешка корупција“, што го демонстрира учеството на, како што вели, Скопје во проекти што се спротивни на интересите на ЕУ. Нешков дал пример за коруптивни дејствија со Коридорот број 10, кој ги поврзува Будимпешта, Белград, Скопја и Атина. Вели дека кинески компании се вклучени во неговата изградба, со кинеско финансирање.
„Во овој период, Коридорот број 8, кој започнува од Варна и стигнува до албанското пристаниште Драч, е целосно блокиран. Проектот, дефиниран од НАТО како стратешки, доби европско финансирање, но властите во Скопје го дефинираат како „непрофитабилен“, смета Нешков.
Според него, „одговорот на прашањето чии интереси ги штити владата на Македонија е јасен – оние на Белград и Пекинг, а не на Брисел“. Нешков обвинил и дека во Македонија има „голем говор на омраза“.