„Нешто тргна наопаку“: Германските власти биле предупредени на опасност од големи поплави?

од Stefanija Kuzmanovska
316 прегледи

Германските власти беа предупредени на опасност од големи поплави, но не реагираа, тврди британскиот експерт за поплави Хана Клок.

Професорката по хидрологија на Универзитетот во Ридинг за „Тајмс“ изјави дека европскиот систем за рано предупредување од поплави – „Ефас“, издало предупредување за Германија четири дена пред почетокот на поплавите.

Според неа, германските власти добиле детални дијаграми и им било покажано кои области се загрозени.

– Добија предупредување и требаше да го разберат тоа сериозно и да ги предупредат граѓаните – наведува Клок.

Фактот дека граѓаните не биле евакуирани или не добиле предупредување покажува дека нешто тргнало наопаку, вели таа.

Клок оцени дека станува збор за „монументален пропуст на германските власти“.

Слични содржини