Неслужбена вечера на која се зборуваше за заедничката европска иднина, велат од партијата на Тачи за средбата во Тирана

од Nikola Popovski
275 прегледи

Во Тирана се зборувало за европската иднина на Северна Македонија и Албанија, соопштија денеска за „Локално“ од Демократската партија на Албанците (ДПА).

Без повеќе детали за средбата, од партијата на Мендух Тачи само истакнаа дека станало збор за неслужбена вечера.

-Неслужбена вечера каде што е разговарано за заедничката европска иднина на двете држави, одговорија кратко од ДПА.

На прашањето дали на средбата се разговарало за евентуалниот влез на Алијанса на Албанците (АА) во македонската Влада, од ДПА истакнаа дека немаат такви информации.

Лидерот на АА, Арбен Таравари синоќа изјави дека меѓу другото се зборувало и за уставните измени.

-Да, меѓу другото разговаравме и за уставните измени. Познато е дека нема ниту еден лидер на албанска политичка партија во Македонија кој не ги поддржува уставните измени, со единствена цел во ноември да почнат реалните преговори со ЕУ, рече Таравари.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата изјавил дека средбата поминала во позитивен и братски дух и дека иднината на двете земји е во ЕУ.

Слични содржини