Малкумина можеа да помислат дека утрово сите љубители на фудбалот ќе го знаат името на Себастијан Колтеску, помошниот судија на натпреварот помеѓу Пари Сен Жермен и Башакшехир.
Тој направи невиден инцидент, а потоа несмасно се правдаше во директен пренос. Со години, Европската куќа на фудбалот (УЕФА) води кампања против расизмот, но настани како овој се чини дека го засенуват целото добро што е направено досега.
Помошниот судија од Романија го посочил помошникот на тренерот на Башакехир, Пјер Вебо со зборовите „црнец“ (на романски negro) во време кога требаше да му објасни на главниот судија Хатеган кој толку жестоко протестирал на клупата на гостите.
Колтеску несмасно се правдаше на француската телевизија, осврнувајќи се на јазичната бариера меѓу романскиот и францускиот – Романија има скоро 50 проценти „позајмени зборови“ од францускиот јазик.
„Негро“ на романски значи „црно“. Јас не сум расист“, било објаснувањето што Колтеску им го понудил на навивачите.
Сепак, играчите и на ПСЖ и на Башакшехир го напуштија теренот во средината на првото полувреме (0: 0), натпреварот беше прекинат, а ќе продолжи денес од 18.55 часот.
УЕФА реагираше итно и ги отстрани романските судии, а натпреварот од 12-та минута ќе го водат судии предводени од Холанѓанецот Дани Макели.
The PSG/Basaksehir game is set to continue shortly without the fourth official, official Sebastian Coltescu who was accused of racism, present.#SayNoToRacism pic.twitter.com/IMO5tETvOd
— Oluwatobiski 💭💞 (@Tobbyleeluv1) December 8, 2020