Несреќа на патарина во Србија: БМВ со 150 км/ч се заби во оградата меѓу кабините

од desk2
198 прегледи

За среќа никој не е сериозно повреден, настрадале само рампата на патарината „Дољевац“ и автомобилот БВМ на германскиот гастарбајтер, Албанец од југот на Србија.

Несреќата се случила на патарината на автопатот Белград – Ниш.

Од засега непознати причини автомобил БВМ со германски регистарски таблички со голема брзина влетал во металната заштитна ограда меѓу две кабини на патарината, при што се уништени уредите за категоризација на возилата, а автомобилот завршил качен на оградата.

Според српските медиуми автомобилот при ударот во патарината се движел со брзина поголема од 150 километри на час.