Италијанецот Џакомо Чипарини загинал откако во неговиот магацин во регионот на Ломбардија се скршила полица и врз него паднале илјадници парчиња тврдо сирење, секое тешко по 40 килограми.
Според членовите на противпожарната служба, биле потребни 12 часа за да се најде телото на Чипарини, пренесе Би-Би-Си.
Некои од парчињата наводно паднале од височина од околу 10 метри, а локален жител за италијанските медиуми изјавил дека ударот звучел „како гром“. Причинетата штета се проценува на седум милиони евра.
Магацинот, кој се наоѓа во Романо ди Ломбардија, на околу 50 километри источно од Милано, содржел вкупно 25.000 тркалезни парчиња Грана Падано, тврдо сирење слично на пармезан, кое е популарно во Италија.