Несреќа во Русија: Во директен судир на два воза 14 вагони излетале од шините

од Stefanija Kuzmanovska
188 прегледи

Во Русија 14 вагони на товарен воз кој превезувал јаглен излетале од шините на делницата Алеур-Бушулеј на Забаљкалската железница, поради судир со празен воз кој сообраќал во спротивна насока, соопшти руското министерство за вонредни ситуации.

Сообраќајот е запрен во двата правци, пренесува ТАСС. Нема повредени и нема опасност по околината.

Руските железници соопштија дека неколку патнички возови доцнеле поради инцидентот.

Истражниот комитет на Русија покрена кривична постапка за прекршување на безбедносните правила во железничкиот сообраќај.

Слични содржини