Несреќа во Турција: Автобус со средношколци се судри со камион

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 33 лица, претежно деца, се повредени во сообраќајна несреќа во западната турска провинција Баликесир, јави новинската агенција „Анадолија“.

„Автобус со средношколци се судрил со камион кој се движел во иста насока кај селото Сусурлук на автопатот Бурса-Баликесир“, пренесува агенцијата.

Во инцидентот повредени се возачот на автобусот, вработен во училиштето и 31 ученик. Нивните животи не се во опасност.

Слични содржини