Несторовиќ го напушти движењето „Ние-гласот од народот“

од Stefanija Kuzmanovska
261 прегледи

Во текот на процесот на трансформација на движењето „Ние-гласот од народот“, дојде до одредени недоразбирања кај раководството составено од група од седум основачи, по што д-р Бранимир Несторовиќ и Александар Павиќ вчера демонстративно го напуштија движењето, соопштија од „Ние-гласот од народот“.

„Во сенка на недоразбирањата и инсинуациите против некои од основачите, д-р Бранимир Несторовиќ ултимативно побара тој да биде претседател на таа партија, иако беше договорено да се остане на првобитниот принцип на колективно лидерство составено од седум основачи. На гласањето тој ултиматум на д-р Несторовиќ не го поддржа мнозинството основачи, по што тој демонстративно го напушти движењето, а по него и Александар Павиќ“, се наведува во соопштението на веб-страницата на движењето.

На изборите на 17 декември, ова движење настапи со изборна листа како група граѓани и постигна успех, освојувајќи 13 пратенички мандати во српскиот парламент, како и шест одборнички мандати во белградското Собрание, благодарение на што станаа тас на вагата меѓу власта и опозицијата кога е во прашање формирањето на белградската власт и изборот на градоначалник.

Слични содржини