Несудениот македонски репрезентативец пред враќање во Италија

од Симе Стоиков
305 прегледи

Како што пренесуваат медиумите во Неапол, актуелниот шампион на Италија работи на доведување на Дејан Кулушевски на стадионот Диего Марадона.

Швеѓанецот со македонско потекло моментално е член на Тотенхем, но не игра баш најдобро, откако на 28 натпревари постигна само шест гола.

Во Италија, покрај за Јувентус, играше и за Аталанта и Парма, каде имаше одлична сезона која го доведе до преселба во Торино.

Според Трансфермаркет неговата вредност се проценува на околу 55 милиони евра.

Слични содржини