29
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во четвртокот изјави дека ѝ дал инструкции на израелската армија (ИДФ) да се подготви за интензивна војна доколку либанското движење Хезболах го прекрши најновиот прекин на огнот.
„Доколку има големо кршење на примирјето, ние ќе дејствуваме секој пат со хируршка прецизност, како што правиме сега, и со сета наша сила“, рекол Нетанјаху во своето прво интервју по стапувањето во сила на примирјето меѓу Израел и Хезболах, објави „Times of Israel“.
Како што објави ТВ „Канал 13“, било предвидено Нетанјаху да ги собере своите советници на состанокот во четвртокот вечерта „за да се разгледа продолжувањето на војната на други фронтови“.