Нетанјаху: Борбите во Газа го достигнаа својот врв

од Vladimir Zorba
220 прегледи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека битката во Газа е „на својот врв“ и дека израелските сили ја поминале периферијата на градот Газа.

„Ние сме на врвот на битката. Постигнавме импресивен успех и ја поминавме периферијата на градот Газа. Напредуваме“, соопштуваат од кабинетот на Нетанјаху, но, како што пренесува Би-Би-Си, во соопштението не се дадени дополнителни детали.

Израел претходно денеска го гранатираше бегалскиот камп Буриџ во центарот на Газа. Портпаролот на цивилната одбрана во Газа, Махмуд Басал, истакна дека е тешко возилата за цивилна одбрана и тимовите за итни случаи веднаш да пристапат и да ги расчистат урнатините.

Слични содржини