Нетанјаху: Целосната победа ни е на дофат, не за неколку месеци – туку за неколку недели

од Stefanija Kuzmanovska
442 прегледи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека офанзивата во Рафа, дури и ако биде одложена поради прекинот на огнот, ќе му овозможи на Израел да биде на дофат на целосна победа.

„Целосната победа ни е на дофат, не за неколку месеци – туку за неколку недели, откако ќе ја започнеме операцијата“, истакнал Нетанјаху во интервју за американскиот телевизиски канал Си-Би-Ес.

Како што пренесуваат странските агенции, Рафа е „последното упориште“ на палестинското движење Хамас во очите на израелскиот премиер, кој е одлучен таму да започне копнена офанзива за да го порази Хамас и да ги ослободи заложниците кои се држат во Појасот Газа, и покрај предупредувањата од меѓународната заедница.

Како што наведоа од ОН, во Рафа има околу 1,5 милиони луѓе, град кој се наоѓа на границата со Египет. Тој граничен премин сега е затворен.

Слични содржини