Нетанјаху ги одобри оперативните планови за офанзивата во Рафа

од Vladimir Zorba
209 прегледи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги одобри оперативните планови за офанзива на Рафа, најјужниот град во Појасот Газа, соопшти неговиот кабинет.

Израел изјави дека Рафа, дом на четири баталјони на Хамас, останува последното големо упориште на Хамас во Појасот, по операцијата на израелската армија во северниот и централниот дел на палестинската енклава.

Кабинетот на Нетанјаху наведува дека офанзивата на Рафа е неопходна за да се постигнат воените цели и дека прашањето не е „дали“ ќе има офанзива, туку „кога“.

Планот наиде на меѓународна критика, вклучително и од САД и Египет, бидејќи Рафа е дом на повеќе од милион раселени Палестинци од Појасот Газа, но Израел вели дека прави планови за евакуација и заштита на цивилите за време на офанзивата.

Слични содржини