Нетанјаху го повика Ганц да ја промени одлуката за оставката

од Nikola Popovski
493 прегледи

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху синоќа го повикал актуелниот министер во воениот кабинет Бени Ганц да ја промени одлуката за оставка и да се врати во кабинетот.

Нетанјаху му рекол на Ганц преку платформата „Х“ дека „ова не е време да се откажеме, туку да ги здружиме силите“.

-Граѓани на Израел, ќе продолжиме до победата и да се постигнат сите цели на војната, што е најважно ослободување на сите наши заложници и елиминација на Хамас, навел Нетанјаху.

Нетанјаху нагласил дека останува отворен за соработка со која било политичка партија која ја поддржува војната против Хамас и која ќе му помогне на Израел да победи во војната и да ја обезбеди безбедноста на израелските граѓани.

Израелскиот министер за воен кабинет Бени Ганц синоќа објави дека поднесува оставка.

-На прес-конференција Ганц го повика премиерот Нетанјаху да одреди датум за избори и го повика „да не дозволи нацијата да се распадне“, пренесува Харец.

Ганц минатиот месец го извести Нетанјаху дека доколку до 8 јуни не претстави јасна стратегија за Појасот Газа по завршувањето на војната, ќе поднесе оставка.

Слични содржини