Нетанјаху им се извини на “Израелските” Арапи

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и се извини на израелските Арапи за изјавата од изборниот ден, што неговите критичари  му приговорија дека се  расистички, пренесе Reuters.

нетанјаху

Во видео објавен на Фејсбук, Нетанјаху изјави: “Знам дека некои работи кои што ги реков пред неколку дена,  ги навредило израелските Арапи. Немав никаква намера тоа да се случи и жалам “.Плашејќи се дека гласачите ќе изберат да останат во своите домови, Нетанјаху, кој минатиот вторник изненадувачки победи на изборите и се подготвува да ја предводи новата влада,  ги обвини левичарските организации дека го  возат  “народот” од Арапи до избирачките места, за да гласаат против него.”Управувањето на десничарските е во опасност”, рече премиерот тогаш. Во понеделникот Нетанјаху изјави пред група израелски Арапи во неговата официјална резиденција во Ерусалим: “Се сметам  за премиер на секој од вас на сите израелски граѓани, без разлика на религијата, расата или полот нивни. “Иако доби позитивна реакција од присутните, неговите зборови беа отфрлени од Ајман Одех, претседател на вкупната листа на арапските партии, која на изборите освои 13 места во парламентот и стана третата сила во парламентот.