151
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелската армија (ИДФ) ќе мора да ја одржува безбедносната контрола над Појасот Газа долго по завршувањето на војната против палестинската милитантна група Хамас.
Тој на прес-конференцијата рече дека Газа ќе мора да остане демилитаризирана, а тоа може да го обезбеди само израелската армија, пренесува АП.
„Ниту една меѓународна сила не може да биде одговорна за тоа. Не сум подготвен да ги затворам очите и да прифатам каков било друг договор“, рече Нетанјаху.