Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп откако тој побара по втор пат за само неколку дена обвинителите да ги повлечат обвиненијата за корупција против израелскиот премиер.
„Ви благодарам уште еднаш, претседателе Трамп. Заедно, создаваме она што повторно ќе го направи Блискиот Исток голем!“ објави Нетанјаху на платформата X, заедно со „скриншот“ од екранот од објавата на Трамп на мрежата Truth Social.
Трамп претходно остро ги критикуваше израелските обвинители во врска со судењето за корупција со кое се соочува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека Вашингтон, кој му дал милијарди долари помош на Израел, „нема да го толерира тоа“.
Нетанјаху беше обвинет во Израел во 2019 година за поткуп, измама и кршење на довербата, но тој ги негираше обвиненијата, објави Ројтерс, потсетувајќи дека судењето на израелскиот премиер започна во 2020 година и вклучува три кривични случаи.
Трамп ги критикува израелските обвинители за судењето на Нетанјаху: САД нема да го толерираат тоа
Трамп, остро ги критикуваше израелските обвинители за судењето за корупција со кое се соочува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека Вашингтон, кој му дал милијарди долари помош на Израел, „нема да го толерира тоа“. Нетанјаху беше обвинет во Израел во 2019 година за поткуп, измама и кршење на довербата, но тој ги негираше обвиненијата, објави Ројтерс, потсетувајќи дека судењето на израелскиот премиер започна во 2020 година и вклучува три кривични случаи.
„Лудо е што претерано ревносните обвинители му прават на Биби Нетанјаху“, објави Трамп на Truth Social, додавајќи дека судењето ја попречува способноста на Нетанјаху да преговара со палестинската милитантна група Хамас и Иран.
Вториот твит на Трамп за исто толку дена во кој го брани Нетанјаху и повикува на прекин на судењето отиде чекор понатаму со поврзување на правните дејствија на Израел со помошта на САД.
„Соединетите Американски Држави трошат милијарди долари годишно за Израел, многу повеќе од која било друга нација, заштитувајќи го и поддржувајќи го Израел. Ние нема да го толерираме тоа. Нетанјаху моментално преговара за договор со Хамас“, рече Трамп, без да даде дополнителни детали.