Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху користеше мапа за време на неговото обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации за да ја илустрира „новата ера на мир“ на Блискиот Исток, која ќе ги вклучи Палестинците, но критичарите велат дека тој испратил спротивна порака со наводно прикажување карта на „Голем Израел“.
На пленарната седница на Генералното собрание на Обединетите нации, тој претстави карта на која териториите на Западниот Брег и Појасот Газа се во границите на суверен Израел, пишува „Џерусалим пост“.
– Нема поголема навреда за секој фундаментален принцип на ОН од тоа да се види како Нетанјаху пред Генералното собрание на Обединетите нации покажува „карта на Израел“ што се протега на целата територија – од реката (Јордан) до морето – објави претставникот на палестинската управа во Германија Лаит Арафех на социјалната мрежа Икс (Твитер).
Според него, со таа карта Нетанјаху ги негираше Палестина и нејзиниот народ, обидувајќи се да ја измами јавноста со реторика за мирот во регионот, „за цело време консолидирајќи ја најдолгата воена окупација во светот денес“.
– Но, како што Претседателот Махмуд Абас одговори: Оние кои мислат дека мирот во регионот е можен без да се реализираат целосните легитимни права на палестинскиот народ, грешат“, рече Арафе.
„Голем Израел“ е идеја која се однесува на проширување на границите на Израел на територии кои се совпаѓаат со историските граници на Давидското Кралство Израел.
Мапата моментално ја вклучува меѓународно признатата држава Израел заедно со територијата под израелска окупација, односно Западниот Брег и Појасот Газа, односно сите области од реката Јордан до Средоземното Море, како и Голанската висорамнина што и припаѓа на Сирија.