Нетанјаху: „Најсовремено руско оружје“ пронајдено во базите на Хезболах во Либан

од Nikola Popovski
1,9K прегледи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјавил дека израелските сили пронашле „најмодерно руско оружје“ за време на претресот на базите на Хезболах во јужен Либан.

Тој истакнал за „Фигаро“ дека според резолуцијата на Советот за безбедност на ОН од 2006 година, само на либанската армија ѝ било дозволено да има оружје во области јужно од реката Литани во таа земја.

„Меѓутоа, во оваа област Хезболах ископа стотици тунели и засолништа, каде штотуку најдовме количество најсовремено руско оружје“, информирал Нетанјаху.

Тој оценил дека нова граѓанска војна во Либан „би била трагедија“.

„Сигурно не ни е целта да го испровоцираме. Израел нема намера да се меша во внатрешните работи на Либан“, рекол Нетанјаху, додавајќи дека „единствената цел“ на израелската армија е да им овозможи на своите граѓани кои живеат долж границата со Либан да се вратат во областа и да живеат безбедно.

Најмалку 27 лица загинаа во последните 24 часа во израелските напади на неколку локации во јужен Либан, меѓу кои и градоначалникот на градот Набатиех, Ахмад Халил.

Слични содржини