Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изрази сочувство преку соопштение објавено откако израелската армија објави дека во судирите во Појасот Газа од почетокот на војната загинале 12 војници.
„Ние сме во тешка војна. Тоа ќе биде долга војна. Имаме важни достигнувања во истата, но и болни загуби. Сите сме со вас во ова време на голема тага“, рече израелскиот лидер, пренесуваат израелските медиуми.
„Нашите војници паднаа во неправедна војна, војна за нашиот дом. Ви ветувам граѓаните на Израел, ќе ја завршиме работата. Ќе продолжиме до победа“, најави премиерот на Израел на 26-тиот ден од војната.
Повеќе од 1.400 луѓе во Израел загинаа во таа војна, а најмногу жртви имаше во првичните напади на екстремистите од Газа на 7 октомври. Околу 240 луѓе потоа беа киднапирани и однесени во Појасот Газа, а досега се ослободени пет жени заложници.
Бројот на палестинските жртви во војната во вторникот надмина 8.500 во Појасот Газа, а на Западниот Брег, во насилството и израелските напади загинаа повеќе од 120 Палестинци.