Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска соопшти дека извештајот што го предупредува шефот на египетското разузнавање Абас Камел за „невообичаена, ужасна операција“ десет дена пред нападот на Хамас е „целосно лажна вест“.
Како што се наведува, премиерот „ниту тајно ниту директно не разговарал, ниту се сретнал (со Камел) од формирањето на владата.
„Тоа е целосно лажна вест“, се вели во соопштението.
Претходно денеска беше објавено дека неименуван египетски разузнавач изјавил дека неговата земја, која често посредувала меѓу Израел и Хамас, постојано предупредувала за заканите од Газа, односно за „нешто големо“ и дека израелските власти ги минимизирале тие закани.
Тие, тврди неименуваниот функционер, се фокусирале на друга палестинска територија, окупираниот Западен Брег, објавија израелските медиуми.