Нетанјаху: Нема да потклекнеме пред меѓународниот притисок

од Stefanija Kuzmanovska

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дека Појасот Газа ќе биде под израелска воена контрола по војната, објави IBBO (Israeli Public Broadcasting Corporation).

„Појасот ќе биде под контрола на израелската армија. По војната, во Газа ќе функционира цивилна администрација, а појасот ќе биде рехабилитиран под раководство на земјите од Персискиот залив. Нема да потклекнеме пред меѓународниот притисок“, рече Нетанјаху.

Претседателот Бајден во неколку наврати ја изрази својата желба да види како Палестинската управа повторно ги обединува окупираниот Западен Брег и Појасот Газа и да избегне израелска окупација или намалување на палестинските територии.

Нетанјаху рече дека неговата влада не ја исклучува можноста за војна против палестинските сили на Западниот Брег и дека прави вонредни планови за да одговори на таков настан.

Слични содржини