373
Меѓународниот суд на правдата нема да го одврати Израел да ја води војната во Газа до целосна победа.
Ова денеска го изјавил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, откако Јужноафриканската Република поднесе тужба за израелскиот геноцид врз Палестинците.
„Никој нема да не спречи – ниту Хаг, ниту Оската на злото, никој“, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање, пренесе Ројтерс.
Израелскиот премиер рече дека допрва треба да се донесе одлука за потенцијалното воено преземање на „Коридорот Филаделфија“ долж границата на Појасот Газа со Египет.
Нетанјаху рече дека „има голем број опции“, вклучително и преместување на силите во (коридорот) Филаделфија.
„Ги разгледуваме опциите и допрва треба да донесеме одлука“, посочи тој.