236
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека одговорот на Израел на „невидениот повеќекратен напад од палестинските вооружени лица“ започнат против Израел од Појасот Газа ќе го промени Блискиот Исток.
Нетанјаху разговарал со градоначалниците на градовите на јужната граница на Израел, кои биле цел на ненадејниот напад, кој започна во саботата, се вели во соопштението од неговиот кабинет.
Други детали во врска со неговата изјава за Блискиот Исток не се објавени, пренесува „Ројтерс“.