Нетанјаху: Одговорот на Израел на нападите ќе го промени Блискиот Исток

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека одговорот на Израел на „невидениот повеќекратен напад од палестински вооружени лица“ започнат против Израел од Појасот Газа ќе го промени Блискиот Исток.

Нетанјаху разговарал со градоначалниците на градовите на јужната граница на Израел, кои биле цел на ненадејниот напад, кој започна во саботата, се вели во соопштението од неговиот кабинет.

Други детали во врска со неговата изјава за Блискиот Исток не се објавени, пренесе Ројтерс.