Нетанјаху откри колку долго би можела да трае војната во Газа

од Stefanija Kuzmanovska
2,5K прегледи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека војната во Појасот Газа би можела да трае подолго.

„Денес светот е обединет со Израел. Варварството на Хамас ја загрозува Европа и светот“, рече Нетанјаху на заедничката прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон во Ал Кудс (Ерусалим).

Израелскиот премиер ја предупреди и либанската група Хезболах да не се вклучува во војната против Израел, нагласувајќи дека ќе зажалат доколку одлучат да го сторат тоа.

Израел ја бомбардира Газа по ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври и ја стави целата енклава под блокада, оставајќи ги нејзините 2,3 милиони жители со малку храна, вода, гориво и медицински материјали.

Израелската армија продолжи со интензивните воздушни напади врз Газа во кои уништи цели населби.

Најмалку 5.791 Палестинец се убиени во израелските напади врз Газа, додека повеќе од 1.400 луѓе се убиени во Израел од 7 октомври.

Слични содржини