Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за американската телевизија „Фокс Њуз“ изјави дека Израел планира да ја преземе контролата врз Појасот Газа, но не за постојано.
„Не сакаме да ја задржиме Газа за нас. Сакаме да имаме периметар за безбедност, но не сакаме да ја управуваме. Сакаме да ја предадемe на арапски сили коишто ќе ја управуваат правилно, без да нѐ загрозуваат, и да осигураат добар живот на жителите на Газа“, вели Нетанјаху.
Во меѓувреме, организациите на ОН постојано алармираат за хуманитарна катастрофа и убивање прегладнети цивили пред пунктовите за хуманитарна помош.
СЗО: Дури 12.000 деца помали од 5 години во Газа се акутно неухранети