Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека целта на шокантниот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври е да се спречи ширењето на мирните односи на Блискиот Исток и побара од Обединетото Кралство да продолжи да ја поддржува контраофанзивата во Газа.
„Бевме на чекор од продолжување на тој мир, а уништувањето на тој потег беше една од причините поради која беше преземена оваа акција“, навел Нетанјаху во разговор со британскиот премиер Риши Сунак.
Тој додал дека ова е „најмрачниот час“ за Израел и дека „ова значи дека ова е долга војна“, и дека на неговата земја ќе ѝ треба постојана поддршка од Лондон.
Сунак вети дека Британија ќе застане на страната на Израел во неговиот „најмрачен час“ и ја поздрави одлуката да се дозволи испорака на помош во Газа. Британскиот премиер нагласи дека Израел прави се што може за да ја ограничи смртта на цивилите.
„Знам дека ги преземате сите мерки на претпазливост за да избегнете да им наштетите на цивилите, што е спротивно на терористите на Хамас, кои настојуваат да ги стават цивилите во опасност“, рече Сунак на средбата во Ерусалим.
Тој истакна дека е горд што стои покрај Нетанјаху „како пријател“ и дека Британија ќе застане во солидарност со Израел.
„Ќе бидеме со вашиот народ и сакаме вие да победите“, додаде Сунак.