Нетанјаху побара одложување од 45 дена на судењето за корупција

од Aleksandar Petrovski
199 прегледи
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска побара да му се одложи почетокот на судењето за корупција, закажан за 17 март, бидејќи немал пристап до документацијата што ја побарал од судот пред повеќе месеци.

Неговите адвокати изјавија дека тој испратил писмо до судот во Ерусалим барајќи почетокот на судењето да се одложи за 45 дена

Нетанјаху е првиот израелски премиер против кого е покренато обвинение додека се уште се наоѓа на функцијата.

Обвинението за измама, злоупотреба на доверба во три случаи, вклучувајќи и поткуп во еден од нив, во ноември го покрена Врховниот израелски обвинител Авихај Манделблит.

Израелскиот закон не бара премиерот против кого се покрева обвинение да мора да поднесе оставка, но тој нема имунитет од судско гонење.

Премиерот повеќе пати повторува дека нема сторено ништо лошо и дека е жртва на „лов на вештерки“ од обвинителството и медиумите.

Слични содржини