Нeтанјаху разочаран од ставот на САД: Првата реакција на премиерот на Израел по одлуката за итен прекин на огнот во Газа

од Симе Стоиков
238 прегледи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја откажа посетата на израелска делегација на Белата куќа, откако САД се откажаа од заканата дека ќе стават вето на гласањето во Советот за безбедност на ОН со кое се повикува на итен прекин на огнот во Газа.

Нетанјаху претходно се закани дека ќе ја откаже посетата на Вашингтон закажана за почетокот на оваа недела за да разговара за планираната израелска офанзива врз градот Рафах во Газа.

Одлуката на Нетанјаху уследи по денешното усвојување на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара прекин на огнот во Газа.

Како што е познато денес САД беа воздржани на оваа тема.

Слични содржини