Нетанјаху се согласил на прекин на огнот, без да се консултира со воениот кабинет

од Stefanija Kuzmanovska
185 прегледи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се согласи со предлогот на Катар за прекин на огнот во Газа, без претходно да се консултира со воениот кабинет, објави израелската државна телевизија КАН.

Директорот на израелската агенција за надворешно разузнавање Мосад, Давид Барнеа, за време на состаноците на кои учествуваше со египетските и катарските претставници во Париз, добил одобрение од премиерот Нетанјаху за примирје за да продолжат преговорите.

Извор близок до Воениот кабинет навел дека членовите станале свесни за ова прашање по одобрението од премиерот.

Во интервју за Yedioth Ahranot, израелските власти навеле дека „нема да се согласат да се запре војната“ како одговор на барањето на Хамас за ослободување на затворениците во Газа и повлекување на армијата од Газа.

Официјални лица тврдеа дека нацрт-договорот предвидува ослободување на 1.500 палестински затвореници, вклучително и „имиња од висок профил“ во израелските затвори.

Слични содржини