Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска им се заблагодари на Твитер на земјите кои го поддржаа Израел во последните судири со Палестинците, вклучително и три земји од Западен Балкан.
„Ви благодарам што решително стоите покрај Израел и го поддржувате нашето право на самоодбрана од терористички напади“, напиша Нетанјаху на својот официјален профил на Твитер, како што објави Ал Џезира.
Тој ги објави знамињата на земјите за кои тврди дека ги поддржува израелските напади врз Појасот Газа и на Западниот брег, а меѓу 25-те земји, на второ место, веднаш зад знамето на САД, е знамето на Албанија, петто е знаме на Босна и Херцеговина, а 21 е знамето на Северна Македонија.
🇺🇸🇦🇱🇦🇺🇦🇹🇧🇦🇧🇷🇧🇬🇨🇦🇨🇴🇨🇾🇨🇿🇬🇪🇩🇪🇬🇹🇭🇳🇭🇺🇮🇹🇱🇹🇲🇩🇳🇱🇲🇰🇵🇾🇸🇮🇺🇦🇺🇾
Thank you for resolutely standing with 🇮🇱 and supporting our right to self defense against terrorist attacks.— Benjamin Netanyahu (@netanyahu) May 15, 2021
Објавата на Нетанјаху предизвика многу реакции, најмногу од индиски корисници кои му замерија на израелскиот премиер што не ја спомна нивната земја меѓу оние кои ги поддржуваат израелските операции
Објавата има повеќе од 19.000 одговори и 43.000 „лајкови“.