Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека секој член на Хамас е „мртов човек“ по првиот состанок на владата на национално единство формирана во средата, јавува Би-Би-Си.
Премиерот Нетанјаху се согласи да формира влада за време на војната со поранешниот министер за одбрана и лидер на центристичката опозиција Бени Ганц.
Тие се согласија да ги остават настрана разликите и политичкото ривалство.
Бени Ганц рече дека сега е „време за војна“ и им порача на израелските граѓани дека новоформираната влада е „обединета“ и подготвена да го „збрише“ Хамас од лицето на земјата.
Лидерот на главната опозиција Јаир Лапид сè уште не се приклучил на воениот кабинет, но Нетанјаху и Ганц во заедничката изјава рекоа дека за него е резервирано место.
Американскиот претседател Џо Бајден во средата изјави дека разговарал со Нетанјаху и дека јасно му рекол дека Израел мора да дејствува според „правилата на војната“.