Нетанјаху: Со офанзивата ќе ослободиме повеќе заложници

од Stefanija Kuzmanovska
171 прегледи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нема да пропушти никаква можност да ослободи уште заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа, додавајќи дека израелската армија ќе продолжи со офанзивата до „конечната победа“ врз Хамас.

Нетанјаху ова го изјави откако израелските специјални сили ослободија двајца заложници за време на операција во градот Рафа, јужно од Појасот Газа, пренесува „Ројтерс“.

Нетанјаху го поздрави ослободувањето на заложниците Фернандо Симон Марман (61) и Норберт Луис Хара (70).

„Фернандо и Луис, добредојдовте дома. Им честитам на нашите храбри борци за храбрата акција што доведе до нивно ослободување. Само продолжувањето на воениот притисок може да доведе до ослободување на сите наши заложници“, напиша Нетанјаху на платформата Х.

Слични содржини