Нетанјаху вети дека ќе го зголеми воениот притисок врз Хамас во наредните денови

од Симе Стоиков
223 прегледи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска им вети на Израелците дека „во наредните денови“ ќе го зголеми „воениот притисок“ врз палестинското движење Хамас.

Нетанјаху не ја спомна офанзивата на Рафах на југот на Појасот Газа, но во неколку наврати изјави дека е решен да ја започне и покрај предупредувањата од меѓународната заедница.

„Ќе им зададеме нови тешки удари, а тоа ќе се случи наскоро. Во наредните денови ќе го зголемиме воениот и политичкиот притисок врз Хамас, бидејќи само така ќе ги ослободиме нашите заложници и ќе ја постигнеме нашата победа“, рече израелскиот премиер во видеото пред Пасхата.

Претставничкиот дом на САД во саботата вечерта одобри план од 13 милијарди долари за обезбедување воена помош на Израел, историски сојузник на САД, во неговата војна против палестинското движење Хамас во Појасот Газа.

Тие средства ќе бидат посебно наменети за зајакнување на израелскиот противракетен штит „Железна купола“.

Слични содржини