Нетфликс прави анимирана верзија на својата најпопуларна серија

од Stefanija Kuzmanovska

Нетфликс не планира така лесно да се откаже од една од најгледаните серии во историјата на платформата, иако неговите актери немаат намера да играат во сродни проекти.

Имено, стриминг сервисот неодамна објави дека планира да сними анимиран спиноф врз основа на серијата „Stranger Things“, кој потенцијално би можел да ја отвори вратата за голема франшиза, пишува Variety.

„Отсекогаш сонувавме за анимирана верзија на Stranger Things во духот на саботните утрински цртани кои ги сакавме додека растевме“, рекоа браќата Дафер, креаторите на оригиналната серија, во официјалното соопштение во кое не беше наведено наслов или датум за почеток на новата серија.

„Stranger Things“ имаше премиера на Нетфликс во 2016 година и стана најгледаната серија на англиски јазик на сите времиња на платформата за стриминг.

Во тек е снимањето на петтата сезона, која ќе биде последна, а во ноември е најавена истоимена претстава во лондонскиот Вест Енд.

Слични содржини