290
Политиканството треба да биде на страна. Не ја спорам синтагмата на Гоце Делчев. Неумесно е револуционерот да го сведуваме на ниво на Декларација. За мене тоа не е во ред. Не бегаме од темата за него, рече градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов во емисијата „Само вистина“.
Костадинов го праша својот соговорник Тимчо Муцунски зошто ВМРО-ДПМНЕ не го правела истото во претходните години.
-Тогаш величевте други личности на партиски настани. Немаме потреба да ги труеме граѓаните со гол национализам. Ниту еден човек нема дилема колку е битен Делчев, појаснува потпретседателот на СДСМ.