274
Група крадци на автопатот кај Милано поставиле ноќна заседа за блиндирано возило што превезувало неколку милиони евра, но возачот успеал да ја пробие блокада што му ја поставиле ограбувачите -два камиона, запалени автомобили и шајки распрснати по патот.
Нападот се случил на автопатот А1, што ги поврзува Милано и Неапол, на околу 20 километри од Милано вчеравечер.
Оклопно возило удрило во два камионс што ги поставиле ограбувачите за да го блокираат патот, но возачот успеал да се извлече и да застане на блиската бензинска станица, каде наишол на полициско патролно возило.
Компанијата Батистоли, која е сопственик на блиндираното возило, соопшти дека никој не е повреден.
Сличен напад, исто така неуспешен, се случи на истиот автопат во 2014 година.