На социјалните мрежи осамна видео од лице кое краде велосипед, но сепак на крајот останува со празни раце. Според тоа што може да се види, крадецот доби ќотек од друго лице.
„Ова треба да им следи на сите “лопови”… Редовно крадење на велосипеди,резултира вака кај граѓаните,кога полицијата не превзема ништо“, стои во описот на видеото.
Според Фејсбук-групата, „Украдени точаци“, станува збор за кражба во ТЦ Буњаковец.
Ова треба да им следи на сите "лопови"…
Редовно крадење на велосипеди,резултира вака кај граѓаните,кога полицијата не превзема ништо.🚨
Ќе се научи сега да не краде.👍👌 pic.twitter.com/KawnLcJEnl— Две Ѕвезди (@dvezvezdi1) June 9, 2021
„Само така“, „Браво“, „Редно беше и вакво нешто“, „Рацете да ти се позлатат“, се само дел од коментарите на граѓаните на социјалните мрежи.