Неуспешен грабеж на велосипед заврши со „ќотек“ за крадецот (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

На социјалните мрежи осамна видео од лице кое краде велосипед, но сепак на крајот останува со празни раце. Според тоа што може да се види, крадецот доби ќотек од друго лице.

„Ова треба да им следи на сите “лопови”… Редовно крадење на велосипеди,резултира вака кај граѓаните,кога полицијата не превзема ништо“, стои во описот на видеото.

Според Фејсбук-групата, „Украдени точаци“, станува збор за кражба во ТЦ Буњаковец.

„Само така“, „Браво“, „Редно беше и вакво нешто“, „Рацете да ти се позлатат“, се само дел од коментарите на граѓаните на социјалните мрежи.

Слични содржини