Невакцинираните граѓани на вакцинација ќе се повикуваат со СМС-пораки

од Берта Китинска
334 прегледи

Сите невакцинирани лица или нецелосно вакцинирани кои имаат заболувања и се во ризична група граѓани, ќе им биде одреден термин за вакцинирање.

Со цел да се мотивираат што повеќе граѓани да се вакцинираат против ковид-19, системски ќе се испраќаат СМС-пораки на нивните телефонски броеви.

Иако Комисијата за заразни болести очекува ваквата кампања да има посериозен одзив, споредено со изминатиот период, повеќе од очигледно е дека бројот на вакцинирани граѓани е низок, односно се помалку има такви кои ја примаат првата доза. Вакцинацијата продолжува на пунктовите, но најмногу има интерес кај оние на кои им доаѓа време да примат бустер доза.

Досега во земјата се направени вкупно 1.896.139 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 298.195, бројот на оздравени пациенти е 285.907, на починати е 9.036 а бројот на активни случаи изнесува 3.252.

Слични содржини